Поранешната сопруга на Роман Абрамович, Даша Жукова (39) го чека своето прво дете заедно со нејзиниот сопруг, грчкиот милијардер Ставрос Ниаркос.

Даша се омажи за Ставрос на почетокот на годината и не криеше колку е среќна со него, а сега двајцата се уште посреќни поради веста дека чекаат дете.

Инстаграм

Тие се верија во јули 2019 година, додека во октомври минатата година организираа мала церемонија само за членовите на семејството во Париз.

Венчавката се одржа во јануари 2020 година, пред пандемијата на коронавирусот во хотелот „Клум“ во Сент Морис во Швајцарија.

Инстаграм
Инстаграм

Се проценува дека венчавката чинела околу 6,5 милиони долари и дека имало над 300 гости, вклучувајќи познати музичари, актери и спортисти.

Дејвид Бекам и Гвинет Палтроу, како и Иванка Трамп и нејзиниот сопруг Џаред Кушнер, и неговиот брат и неговата сопруга Карли Клос, беа на списокот на вип – гости.

Инстаграм
Инстаграм

Даша Жукова пред бракот со Ниархос во јавноста беше позната како сопруга на Роман Абрамович, од кого се разведе во август 2017 година, по десет години брак, во кој имаа и две деца.

Само неколку месеци по разводот, таа почна да се гледа со богатиот грчки наследник, со кого претходно беа само пријатели.