Поранешната девојка на пејачот Ед Ширан, Атина Андрелос, годинава ќе се омажи за „двојник“ на Ед, пишуваат странските медиуми.
Атина и Ед се забавувале во 2014 година. Но, тие, наводно, решиле да стават крај на нивната љубовна врска во февруари 2015 година на доделувањето на „Brit Awards“, бидејќи Ед „полудел“ на афтер-забавата.

Секој продолжил по својот пат, а Атина веќе е среќно вљубена во Ник, со кого се свршија и планираат да се венчаат во блиска иднина.

„Ние сме на местото каде што се веривме и каде требаше да се венчаме денес. Ајде да те видиме, 2021 година“, напиша таа на 5 септември, споделувајќи фотографија со нејзиниот иден сопруг.

Тие морале да ја одложат венчавката и медениот месец заради состојбата со коронавирусот. Во април 2020 година, парот требало да замине на Филипинските острови на меден месец, но и тоа се откажало поради пандемијата.
Но, обожавателите на пејачот не можеа да ја „опростат“ оваа сличност помеѓу вереникот на Атина, Ник и Ширан. Многумина на социјалните мрежи почнаа да коментираат дека Ник изгледа како вистински „двојник“ на Ед, па шеговито прашуваат дали го поседува и талентот за пеење?