Популарниот британски водител на емисијата „Добро утро, Британијо“, познат по своите коментари „без влакна“ на јазикот, се спречка со колегата Алекс Бересдорф околу ситуацијата со Меган Маркл и бесно излезе од студиото.

– Разбирам дека не ја сакаш Меган, тоа повеќепати на сите им го даде до знаење во својата емисија и разбирам дека со неа приватно си бил поврзан, додека не те откачила. Но, таа има право да те откачи ако сака. Дали потоа некогаш зборувала за тебе? Мислам дека не, а ти сепак не престануваш да ја валкаш… – изјави Алекс Бересдорф, што ја предизвика бурната реакција на Пирс.

Фото: Профимедиа

Тој само стана и рече: „ОК, доста ми е од ова“ и излезе од сетот, а програмата беше прекината со реклами. Подоцна стаса службено соопштение од Морган, кој реши да даде отказ.

– По расправата со Ај-ти-ви, Пирс Морган реши дека сега е време да ја напушти емисијата „Добро утро, Британијо“. Ај-ти-ви ја прифати неговата одлука – стои во службеното соопштение од телевизиската куќа.

Водителот не ги поштеди војводите од Сасекс по интервјуто кај Опра, во кое паднаа тешки обвиненија против британското кралско семејство.

„Ова интервју е срамотно предавство на кралицата и кралското семејство. Очекував злобно и деструктивно себично однесување од Меган Маркл, но Хари да ѝ дозволи вака да зборува за неговото семејство и монархијата е бедно“, напиша Морган на Твитер.

Граѓаните започнаа со масовно потпишување на онлајн петиција за тој да се врати на ТВ екраните, но тој се заблагодари за тој чин и посочи дека нема да го стори тоа.