На 20-ти овој месец поднесена е кривична пријава против градоначалникот на Шуто Оризари за исплати од половина милион евра без јавна набавка, изјави на денешната прес-конференција претседателот на ОО СДСМ Шуто Оризаре, Асан Ферат.

Тој информира дека Дудуш во својство на градоначалник на општина Шуто Оризаре во период од 2020 година до денес, со намери противправно да се стекне со имотна корист и да нанесе штета на буџетот на општина Шуто Оризаре, спротивно на член 40 од Законот за јавни набавки, вршел плаќање кон различни правни субјекти без да спроведе јавна набавка.

-Вкупен износ за ваквиот договор изнесува 29.033.405 денари, за кои требало да спроведе јавна набавка според законот. Поточно на одредени фирми им исплаќал милионски суми без спроведување на јавна набавка. За да биде неговото самоволио поголемо истиот исплаќал милиони на негови блсики од добиени дотации од министерства, изјави Ферат.

Истакна дека и по две години од локалната власт во Шуто Оризаре, освен корупција, криминал, узурпација на државно земјиште, насилство и фалење со проекти од централната власт на СДСМ, како што додаде „злосторничкото дуо Курто и Фата ништо друго не знаат да прават, а знаат да возат скапи автомобили, да имаат приватна зоолошка градина, да купиваат скапи телефони со парите на граѓаните“.

-Од ова место, во името на граѓаните на општина Шуто Оризаре, го повикуваме Јавното обвинителство и сите надлежни институции заедно да застант и да стават крај на ова злосторничко дуо, рече Ферат.