Најстариот брат на музичарката Мадона, Ентони Чиконе, почина на 66-годишна возраст. Веста за неговата смрт ја потврди Џо Хенри, сопругот на сестрата на Мадона Мелани Чиконе. Причината за смртта е непозната.
“Мојот зет, Ентони Џерард Циконе, не напушти синоќа. Го познавам од мојата 15-та година. Ентони беше сложен лик, но јас го сакав и го разбирав подобро отколку што понекогаш бев подготвен да му кажам. “, напиша Џо во изјавата.
Мадона порасна со пет браќа и сестри, од кои најстариот беше Ентони. Мадона се преселила во Њујорк во 1978 година за да се занимава со танцување, додека нејзиниот најстар брат останал во Мичиген и станал бездомник и зависник од алкохол.
Тој стана бездомник
Со години спиел под мост во Мичиген, а семејството на Мадона во 2017 година изјавило дека ќе му помогнат. Ова дојде откако Ентони со години јавно кажуваше дека неговото семејство му го свртело грбот.
“Моето семејство ми го сврте грбот кога ми беше тешко. Мислите дека не сум одговорил на ова прашање милион пати – зошто сестра ми е милионерка, а јас сум бездомник на улица? Никогаш не кажувај никогаш. Оваа ситуација може да му се случи на секого“, изјави тој еднаш. Завршил на улица откако останал без работа во винаријата на неговиот татко.
Тој рече дека не сака помош од семејството
Тој повтори дека не сака публицитет или помош од сестра му Мадона. Јадел во народна кујна, а заработувал собирајќи лименки и пластични шишиња. Мадона знаела дека е во неволја и постојано му нудела помош. Му платила и да оди на рехабилитација, а татко му му рекол дека ќе си ја врати работата ако престане да пие.
„Се чини дека моето семејство мисли дека рехабилитацијата е некој вид магичен лек за животните болести“, рече Ентони.