Долгогодишниот државен секретар на САД во администрацијата на претседателот Роналд Реган, Џорџ Шулц, почина на 100- годишна возраст.
Шулц починал во својот дом, во кампусот на Универзитетот Стенфорд во Калифорнија, се наведува во соопштението на Институтот Хувер, во кое тој бил почитуван член, пренесува Ројтерс.
Тој во осумдесеттите години се обиде да ги поправи односите со Советскиот сојуз и да го отвори патот за мир на Блискиот исток.
За време на неговата долга и плодна кариера, Шулц ја извршуваше највисоката државна функција во три администрации на Републиканците.
Тој беше министер за труд и министер за финансии во администрацијата на претседателот Ричард Никсон, а шест години беше државен секретар во администрацијата на претседателот Роналд Реган.