Битката со коронавирусот ја загуби и легендата на југословенската забавна музика, Ѓорѓе Марјановиќ на 89-годишна возраст.

Како што пренесоа српските медиуми, познатиот музичар бил поврзан на апарати за дишење, а лекарите се бореле за неговиот живот во изминатите денови.

Ѓорѓе Марјановиќ најголемата популарност во својата кариера ја достигнува во текот на шеесеттите, седумдесеттите и осумдесеттите години на 20 век во СФР Југославија и според многумина тој бил најголемата ѕвезда на тогашната југословенска поп – музика.

Првпат запеал на аудицијата на поп – пејачи организирана од Здружението на џез музичари на Србија, а во наредниот период пеел на многу игранки и забави.