Во Загреб почина Масимо Савиќ на 60 годишна возраст.
Сопругата Ени и ќерката Мирна со емотивна објава на социјалните мрежи се простија од Масимо.
„Татко, сопруг, гордост и љубов, Масимо Савиќ, не напуштија по кратка, но херојска борба. Иако го напушти овој свет, вечно ќе живее во нашите души; насмеана, топла, силна, полна со љубов и исткаена од уметност. Ние ќе бидеме ваши девојки засекогаш. Ени и Мирна“ – стои во нивното соопштение.
„Масимо кратко време беше болен, неговото заминување не изненади сите “- низ солзи изјави Лана Чулиг од Aqarius Records.
Пејачот наводно имал рак на белите дробови.