НБА Ол-стар викендот започна со натпреварот на „Ѕвезди во подем“, во Солт Лејк Сити. Овој град е домаќин на овој спектакл за прв пат од 1993 година, а оваа сезона натпреварувањето на идните ѕвезди беше замислено нешто поинаку.

Advertisements

Наместо еден натпревар, се играше мини-турнир, две полуфиналиња до 40 поени и финале во кое победник беше екипата која прва стигна до 25 поени.

Имавме четири тима од по седум играчи, а на кормилото на секој од нив беше поранешен ас во НБА. Пау Гасол, Јоаким Ноа, Дерон Вилијамс ги предводеа момците кои ја играат својата прва или втора сезона во НБА, додека Џејсон Тери тренираше тим составен од играчи од Развојната лига.

„Тим Пау“ во првото полуфинале го совлада „Тим Дерон“ со 40:25, блескаа Хозе Алварадо, членот на Њу Орлеанс, како и Паоло Банкеро од Орландо Меџик.

Во второто полуфинале „Тим Јоаким“ го совлада „Тим Џејсон“ со 40:32, а тројката на Квентин Грајмс го реши натпреварот.

Во финалето „Тим Пау“ го совлада „Тим Јоаким“ со 25:20, благодарение на клучната тројка на Алварадо, кој сосема заслужено ја освои титулата МВП.

Викендот продолжува вечерва, на програмата се: предизвикот за умешност, потоа натпреварот во шутирање тројки и натпреварот во забивање. додека главниот настан, натпреварот помеѓу „Тим Леброн“ и „Тим Јанис“ ќе се одигра ноќта меѓу недела. и понеделник.

Познато е дека Никола Јокиќ е во „Тим Леброн“ во кој се Џејмс и Лука Дончиќ, како и Џа Морент и Лаури Марканен, додека покрај Адетокумбо во „Тим Џанис“ играат и Кајри Ирвинг, Донован Мичел, Џејсон Тејтум и Џоел Ембиид./Makfax/