Актерот Елиот Пејџ кој е трансродова личност одлучи да се разведе од кореографката Ема Портнер по три години брак, пишува BBC.
Пејџ и Портнер новостите ги откриле во кратко соопштение за јановста.
„Долго размислуваваме за ова и донесовме одлука дека е најдобро да се разведеме. Од минатото лето сме разделени. Се почитуваме меѓусебно и ќе останеме блиски пријатели“, наведоа тие.
Да се потсетиме, 33-годишниот актер Пејџ на крајот на 2020 година изјави дека е трансродова личност, и дека во иднина сака да му се обраќаат во машки род. Тој официјално го промени и своето име од Елен во Елиот.
Тој замоли сите кои го познаваат повеќе да не го нарекуваат Елен, туку Елиот, а овој потег го поддржаа голем број од неговите обожаватели и фанови.