На АТП листат е збалежан драстичен скок на македонската тениска надеж Калин Ивановски. Младото момче викендов се радуваше на трофејот на ИТФ турнирот во Хераклион, со што си заработи нови 15 поени на своето конто. Сега со вкупно 42 се наоѓа на 633. позиција на рангирањето, што е дури за 117 места подобро од минатонеделниот пласман.

Промени имаше и меѓу водечките, каде што по освоените титули напредуваа Данил Медведев кој е сега трет, и Феликс Оже-Алијасим на осмото место. Меѓу најдобрите десет се пласира и Хуркач, а на врвот и натаму се Карлос Алкараз и Рафаел Надал./Gol.mk

Прикажи повеќе