Во наредниве три дена се игра 5.коло во Премиер лигата, а во пресрет на истото ни доаѓа информација за првиот отказ во најсилната англиска конкуренција.

Повратникот во ПЛ, тимот на Борнмут одлучи да ја прекине соработата со менаџерот Скот Паркер и тоа по само четири рунди во кои овој состав освои три бода и тоа на самиот старт против Астон Вила.

Потоа следуваа поразите од Манчестер Сити (4-0), Арсенал (3-0) и катастрофата на „Енфилд Роуд“ во пресметката со Ливерпул (9-0). Поради ова управата на клубот одлучи да му се заблагодари на Паркер кој ја извршуваше оваа функција од 2021 година.

Привремено функцијата прв тренер ќе ја извршува Гери О’Нил. Борнмут утре го пречекува составот на Вулверхемптон.

Извор: Дерби

Прикажи повеќе