Брус Вилис неодамна објави дека ја завршува кариерата поради болест, а таа вест ги погоди фановите ширум светот.
Брус Вилис боледува од афазија, болест која ја нарушува способноста за зборување, па поради оваа причина одлучил, иако е еден од најпознатите актери во Холивуд, предвреме да ја заврши кариерата.
Актерот има поддршка и од поранешната сопруга Деми Мур, тие двајца се пример за тоа како изгледа пар кој се развел и продолжил нормално да функционира, а сегашната сопруга на Деми и Вилис се во одлични односи.
Откако во април објави дека боледува од афазија, не се појавува во јавноста, а само неколку видеа на социјалните мрежи дадоа претстава за состојбата на познатиот актер.
Брус штотуку е првпат виден на јавно место и многу фанови се задоволни од неговиот изглед. Актерот е фотографиран како фаќа кафе за носење додека носи капа. И покрај неговата афазија и годините, Брус Вилис се уште изгледа одлично, делува многу одморено и се чини дека не се откажал.