реклама

Морган Фримен ги заврте главите на овогодинешните Оскари.

Тој излезе на сцената со Маргот Роби држејќи го за рака. Актерот пристигна во црн костум, а на левата рака носеше кожна ракавица. Причината поради која го носи е донекаде трагична. Имено, Фримен уште во 2008 година доживеа тешка сообраќајна несреќа во Мисисипи и беше тешко повреден при повеќекратно превртување на својот автомобил. Резултатот од таа несреќа е парализа на левата рака. Хирурзите се обиделе да ја спасат раката на Фримен, но оштетувањето на нервите било преголемо.

реклама

Ракавицата ја носеше и Фримен на отворањето на Светското првенство во Катар. Многумина потоа зјапаа во неговата лева рака, која вообичаено вешто ја крие.

На доделувањето на Оскарите, актерот го привлече вниманието на фановите со сивите мустаќи и ќелавата глава. Имено, Фримен претходно имаше густа седа коса и брада, но сега се потстрижа.

реклама

„Дали навистина е ова Морган Фримен?“, „Како можеше да биде ќелав?“, Ќелавиот Морган Фримен е веројатно најчудното нешто што сум го видел оваа година“, се дел од коментарите на социјалните мрежи.

реклама