Австралија и оваа година ги отвори вратите за српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, кој по две години се враќа да игра на Грен слем турнирот Австралија опен. Лани на поранешниот број 1 во светот не му беше дозволено да игра бидејќи не беше вакциниран, додека долгиот „одмор“ на србинот продолжи во пролетните месеци во 2022 година.

Advertisements

Според американските медиуми, Новак годинава нема можност да влезе во Америка, барем во првите месеци од оваа година, бидејќи се уште ја нема примено вакцината против Ковид. Како резултат на тоа, тој не може да игра на првите два гренслема оваа година, на Индијан Велс (6-19 март 2023 година) и Мајами (19 март, 2 април 2023 година).

Мерките против Ковид се уште се во сила во Америка и луѓето кои сакаат да влезат таму мора да имаат две вакцини. Како резултат на тоа, Ѓоковиќ ќе најде други турнири за играње во тој период. Србија се надева дека Америка некако ќе ги олесни мерките против Ковид за луѓето што влегуваат таму и ќе имаат можност да се вратат да играат таму.

Минатата година Ѓоковиќ не играше ниту на грен слем турнирот УС Опен, кој се одржа во септември.

Прикажи повеќе