Хамас ослободи тројца израелски заложници во Газа во замена за 183 палестински затвореници ослободени од Израел утрово.

Тројцата заложници – Ели Шараби, Охад Бен Ами и Ор Леви – беа предадени на Црвениот крст.

Охад Бен Ами и Ели Шараби беа земени како заложници од Кибуц Беери за време на прекуграничниот напад на 7 октомври 2023 година, предводен од Хамас, а Ор Леви беше киднапиран од музичкиот фестивал Нова истиот ден.

Израелските медиуми пренесуваат голема загриженост за здравјето на тројцата ослободен заложници оти се вратиле испиени и со видно намалена телесна тежина.


И на ослободените палестински затвореници, кое беа пречекани со прослава во Рамала, на окупираниот Западен Брег, нивни претставници соопштија дека им е потребна медицинска помош.

Од почетокот на прекинот на огнот на 19 јануари досега се ослободени 21 заложник и 566 затвореници.

До крајот на првата фаза од прекинот на огнот, кој ќе трае уште три недели, се очекува да бидат ослободени 33 заложници и 1.900 затвореници. Израел тврди дека осум од тие 33 лица се мртви.