Медениот месец заврши за Бен Афлек и Џенифер Лопез, а странските медиуми тврдат дека нивниот брак, бидејќи парот веќе се разделил.
По многу јавен меден месец кој повеќе личеше на реално шоу, „среќната“ двојка Џенифер и Бен Афлек одлучија привремено да се разделат, пренесуваат странските медиуми.
Дали сè уште има проблеми во рајот?
Актерот и пејачката решија да поминат извесно време разделени, т.е. на пауза. Причината се кариерите.
Странските медиуми тврдат и дека латино дивата и 4 години помладиот Афлек веруваат дека овој потег ќе им користи на долг рок и ќе помогне да се спаси нивниот брак. Тие всушност сакаат да се дистанцираат за да не се изгуби магијата меѓу нив и да се сакаат повеќе.
„Тие секогаш разговараат, пишуваат пораки, се допишуваат меѓусебно кога се разделени и работат. А разделеното време го прави повторното обединување многу подобро.
Џенифер сака да знае дека нејзиниот сопруг ќе биде тука за неа без разлика на се. Да се биде разделен толку брзо по свадбата не е идеално. Но, тие знаат дека го имаат целиот живот пред нив и уживаат во секоја минута од патувањето“, рекол извор близок на парот.
Ниту Џеј Ло, ниту Афлек не ги потврдија овие наводи, а корисниците на социјалните мрежи развија нова теорија за ваквата пауза на парот. Имено, корисниците на Твитер тврдат дека Лопез барала од Афлек да побара стручна помош за неговата зависност од алкохол.
Да потсетиме, парот се венча на интимна церемонија во Лас Вегас, откако ја обнови својата романса речиси 20 години по раскинувањето.