Плусинфо во целост пренесува пораки на двајца европски дипломати, кои најавуваат дека Брисел ќе ги ревидира своите цели соработка и ќе врши нов due-diligence на организациите и на партнерите поради одредени добиени загрижувачки состојби во дел од организациите на локално на национално ниво. Тие имаат големи забелешки за граѓанските организации и за медиумите коишто биле поддржани од фондовите на ЕУ во последните неколку години, во вредност од 10 милиони евра.

  • Очекуваме директна и поголема посветеност кон ЕУ агендата и евроинтегративниот  процес. ЕЕАС како и одговорниот директорат DG NEAR посакуваат да видат поголема  посветеност на досегашните партнери и соработници од граѓанското општество и на медиумите во Северна Македонија кон пристапниот процес, инволвираност на кредибилни партнери со watch-dog улога кон владата и кон владините институции.
  • ЕУ само во последните неколку години инвестиравме близу 10 милиони евра директна финансиска поддршка кон граѓанското општество и кон медиумите во Северна Македонија. Нашата посветеност кон овие партнери ќе продолжи и во следниот период, но мораме да видиме целосна посветеност кон ЕУ агендата на нашите досегашни партнери и  локални соработници, затоа што граѓаните се уште имаат највисока доверба и поддршка токму за Европската Унија (иако паѓа).
  • Програмите ИПА за граѓанските организации и за медиуми дополнително ќе поддржат овозможувачка околина за граѓанските организации и за граѓаните, се со цел граѓаните реално да ги почувствуваат придобивките. За таа цел ЕЕАС ќе ги ревидира своите цели соработка и ќе врши нов due-diligence на организациите и на партнерите поради одредени добиени загрижувачки состојби во дел од организациите на локално на национално ниво.
  • Забележуваме дека има одреден (благ) пад во ЕУ поддршката кај граѓаните, ние сме наполно свесни за резигнираност кај организациите и општо кај граѓаните. Сепак, ние продолжуваме да ве поддржуваме затоа што и натаму мнозинство граѓани бараат РСМ да стане полноправен член на ЕУ (над 65%), а политичките елити и вашите најголеми  политички партии и раководства имаат првенствена и најголема одговорност. Вие сте  веќе во техничкиот скрининг, кластерите се отвораат, а напредокот од оваа во следните  фази ќе зависи само и само од вас, односно од вашиот парламент и од политичкиот  консензус. Исполнувањето на неопходните барања и услови се дел од преговарачката  рамка со Европската комисија, а не со земја-членка на ЕУ. Затоа, потребно е медиумите  и граѓанските организации овие важни информации во интегративниот процес  соодветно и правилно да им ги соопштат на јавноста и граѓаните.
  • Сериозно сме загрижени, пред се за три главни состојби во вашата земја од аспект на  медиумите и граѓанското општество: сѐ поголемото влијание на хибридните закани со  цел да извршат ерозија на довербата во системот на земјата и го поткопаат ЕУ  пристапниот процес и преговорите; зголеменото ширење на дезинформации и лажни  вести, како и недоволната посветеност на дел од про-ЕУ декларираните организации  кон Европската Унија и интеграцијата на вашата земја; и немањето нивната  транспарентност.
  • Во следниот период, ЕУ ќе ја засили поддршката за медиумите и за граѓанските организации преку тековните  и нови дизајнирани краткорочни програми, , како и вршењето на подлабински due-diligence oversight врз нашите програми и партнери во земјата.
  • ЕУ обезбеди 80 милиони евра неповранта помош за РСМ за справување со енергетската  криза и високите цени. Во следните месеци мораме да работиме многу повеќе и  директно во таа насока во Владата, но и преку ЕБОР и поволни кредитни линии за  зелена енергија и енергија од обновливи извори за приватниот сектор и малите  потрошувачи.
  • Бараме и очекуваме да видиме поголема улога и посветеност на граѓанските  организации и соодветните институции кон Европскиот зелен договор и Зелената  агенда 2030. Организациите од овој сектор мора да покажат реални заложби за  исполнување на целите и вредностите предвидени со зелената агенда. Капацитетите на  овие субјекти ќе се развијат со наша заедничка помош и раскинување на „коалициите“  со одредени политички и бизнис моќници од секторот енергетика. Земјата мора  целосно да ги спроведе препораките од Секретаријатот на Енергетската задница од  Виена (Energy Community Impact Report2022).
  • ЕУ институциите со мандат за соодветни истраги за европските проекти и грантови сиот овој период имаат тесен фокус врз Северна Македонија и Албанија. Високата  политичка и институционална корупција станува се поочигледна. Корупцијата  сериозно го „минира“ процесот пред условениот старт на преговорите. Мораме со нашите партнери многу повеќе да се посветиме на овие прашања и создадеме нови механизми за кредибилен мониторинг. Имаме сериозен впечаток дека темелните вредности – владеење на правото и борба со корупцијата – се сериозно поткопани во вашата земја, а бројот на сојузници во враќањето на довербата е флуктуирачки, недоволен, односно  недоволно чесен и кредибилен во намерите.
  • Претстојните месеци ќе бидат особено сензитивни од политички аспект, затоа очекуваме робусна проевропска поддршка од нашите локални партнери – граѓанското  општество и медиумите. Повеќе од очигледно е дека на овој пат во процесот сѐ повеќе се појавуваат противници. Затоа морате дополнително да ги реафирмирате заложбите, посветеноста и вредностите, преку конкретни активности на краток и среден рок. ЕЕАС и ЕК прават напори за дополнителна структурна поддршка на повеќе целни групи и сектори, со што веруваме дека ќе се ефектуира поголема политичка волја во процесот кој никако не треба да застане.