Тоа е ѕвезден систем познат како „GW Orionis“ или „GW Ori“, во со constвездието Орион, околу 1.300 светлосни години од Земјата.
Станува збор за три „прстени“ поставени еден во друг, како мета за стрелање.
Advertisements
Во центарот на тој систем има три sвезди, две се поврзани во тесна меѓусебна бинарна орбита, додека третата се врти околу нив во широк лак.
Ова е прво вакво откритие досега.
Астрономите утврдиле, набудувајќи со голем телескоп од пустината Атакама во Чиле, дека трите прстени се неконзистентни, односно дека орбитата на внатрешната ѕвезда прави одредени отстапувања.
Оттука, научниците веруваат дека орбитата на ѕвездата е под влијание на гравитацијата на „млада“ планета или планета која сѐ уште е во создавање, пишува во научниот труд објавен во списанието „Astrophysical Journal Letters“.
Доколку оваа теза на научниците се потврди со дополнителни истражувања, тоа би значело дека е откриена првата планета во вселената со три сонца.