Барселона во саботата одигра 0-0 со Атлетико и многумина останаа без титула.

По ова реми, Барселона се оддалечи од титулата, која е најблиску до Реал Мадрид (доколку вечерва ја добие Севиља),. Сепак, каталонскиот стопер Жерар Пике не губи надеж.

“Сакавме да победиме, не го постигнавме, но сепак се бориме за титулата. Имавме шанси, се обидовме, но Атлетико ја има најдобрата одбрана во лигата. Тие примија најмалку голови оваа сезона и на натпреварите како тоа мора да ја искористиш шансата што ја создаваш“, рече Пике.

Во следното коло, Барселона ќе се соочи со Леванте на својот стадион (11.05), додека Атлетико Мадрид ден подоцна ќе игра на „Ванда Метрополитен“ против Реал Сосиедад.

“Нашата цел е да победиме на секој натпревар и да се бориме за титулата до крајот. Штета за играта со Атлетико, дадовме се од себе. Мислам дека имаме шанса ако ги добиеме сите натпревари до крајот”, додаде Пике.

Инаку, доколку Реал ја совлада Севиља, ќе се изедначи со Атлетико во поени, но поради меѓусебниот однос ќе има предност пред градскиот ривал на три кола пред крајот.