Начинот на кој го започнуваме денот може да има големо влијание на нашата состојба, но и на нашето расположение во текот на денот. Познатата нутриционистка Рујута Дивекар вели дека денот никогаш не треба да го започнуваме со чај и кафе, пренесува NDTV. Ова може да биде шок за некои кои едноставно не можат без утринска шолја чај или кафе откако ќе станат од кревет, а за некои овие пијалоци помагаат дури и при редовно празнење на дебелото црево.

Меѓутоа, за многу други, чајот или кафето на празен стомак може да резултира со непријатни киселини, мачнини и дехидрација, предупредуваат експертите.

Според нутриционистот Дивекар, најздрав начин да го започнете денот би било да јадете грст бадеми или некои други јаткасти плодови на празен стомак. Потоа може да следи чаша млака вода, па дури потоа препорачува шолја чај или кафе. Но, има и намирници за кои тој тврди дека освен кафе и чај, никогаш не треба да ги консумираме на празен стомак, и тоа:

  • газирани пијалоци
  • зачинета храна
  • ладни пијалоци
  • суров зеленчук
  • цитруси