Италијанските медиуми пишуваат дека Манчестер Сити би можеле да донесат уште едно чудо – Квича Кварацкелија.
Грузиецот го привлекува вниманието со одличните игри во дресот на Наполи, нема сомнеж дека напаѓачот е една од главните причини поради која тимот на Спалети е актуелен лидер на шампионатот во Серија А. Тој веќе го дови прекарот „Кварадона“, откако сезонава одигра 14 натпревари со седум гола и осум асистенции.
„Наполитанците“ го „киднапираа“ за само 11 милиони фунти, а неговата цена е веќе трипати повисока по нецела полусезона. 21-годишниот фудбалер беше на радарот на многу клубови, но „граѓаните“ дури сега се уверија во класата на крилниот напаѓач. Пеп Гвардиола нема да штеди пари за да го доведе на „Итихад“.