Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, потпиша нов договор со „граѓаните“ до 2025 година. Гвардиола му се приклучи на Сити во 2016 година, претходно три години беше во Баерн Минхен. Шпанецот во Манчестер освои четири трофеи во Премиер лигата, но сè уште не успеал да ја оствари главната цел, на „Етихад“ да го донесе трофејот од Лигата на шампионите.

Advertisements

Манчестер сити моментално е на второто место на табелата во Премиер лигата, зад Арсенал, кој од клупата го предводи „ученикот“ на Гвардиола, Микел Артета. Во Лигата на шампионите, „граѓаните“ во осминафиналето ќе се сретнат со Лајпциг.

Прикажи повеќе