• Во кабинетот на претседателот Стево Пендаровски денеска ќе се одржи седница на Советот за безбедност. На дневен ред на седницата ќе биде модифицираниот предлог на француското претседателство со ЕУ за почеток на пристапните преговори на Република Северна Македонија со Европската Унија. На седницата, покрај членовите на Советот за безбедност, ќе присуствува и заменикот на претседателот на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ. По завршувањето на седницата најавено е обраќање на претседателот Пендаровски.