Смртта на Пеле го потресе Бразил и целата нација тагува за својата фудбалска легенда. Во Рио де Жанеиро решија на интересен начин да му оддадат почит на кралот на фудбалот.
Светски познатата статуа на Исус Христос, која е симбол на градот, беше осветлена во златна и зелена боја во чест на Пеле. Тоа се боите на бразилското знаме.
Пеле почина во четвртокот во болницата Алберт Ајнштајн во Сао Паоло. Бразил прогласи тридневна, а градот Сао Паоло седумдневна жалост./Makfax/