Легендарниот пејач Предраг Живковиќ Тозовац вчера бил хоспитализиран во КБЦ „Драгиша Мишковиќ“ во Белград, поради компликации предизвикани од коронавирусот и пневмонија.
Тозовац бил во прилично тешка здравствена состојба, пишува „Telegraf.rs“.
„Неговата крвна слика не е добра, тој засега е во сериозна состојба, но е стабилен. Не е поврзан на респиратор, но прима терапија со кислород. Неговата состојба активно се следи, лекарите прават сè за да му помогнат, но рано е да се дадат какви било прогнози“, потврдил изворот од болницата за српскиот медиум.
85-годишниот пејач е едно од најзначајните музички имиња на српската народна музика, а неговите песни се актуелни со години, и до ден денес се неизбежен репертоар на сите прослави и свечености на Балканот.
Во октомври 2012 година, Тозовац доби признание за заслужен граѓанин на Краљево. На почетокот на оваа година, пејачот се ожени со својата парнертка Емилија Мима, по цели 40 години љубов и заеднички живот.