Пејачката и докторка Симона Поповска вчера на својот инстаграм-профил со своите пријатели и бројни обожаватели ја сподели среќната вест дека таа и нејзиниот сопруг станале родители.
Објавата на Поповска изненади многумина, а пејачката откри дека станала мајка и дека родила син.
Објавите на нејзиниот инстаграм-профил изминатиов период се претежно од нејзината работа како дерматолог, и одамна немаше објавено фотографија од себеси ниту пак имавме прилика да ја видиме во јавноста.

„Благодарна сум на Бога за доаѓањето на нашиот ангел“, напиша таа во описот на фотографијата што ја сподели на својот инстаграм-профил.
„Одлично се чувствувам и сум пресреќна… Се породив по природен пат и навистина се чувствувам добро, и јас и бебето сме супер. Цело е на мене, навистина личи на мене“, откри Симона за „Вечер“.
Симона во 2018 година се омажи за својот долгогодишен партнер и голема љубов, Крис Поповски.