Павле Воскопулос, член на раководството на Виножито, партијата на Македонците во Грција, во интервјуто за јутјуб каналот на здружението на граѓани Нов АСНОМ, изјави дека нивниот нареден чекор би било формирање на приватни училишта за изучување на македонскиот јазик во Грција.

-Ние сме граѓани на Грција. И што се однесува до животот на македонското малцинство тука, нема некои поголеми промени во однос на почитувањето на основните малцински и човекови права. Ама нашиот долг кон оваа држава е да гледаме позитивно, да бараме да се применат сите тие основни прогресивни стандарди околу малцинските и основни човекови права. Македонското прашање останува да биде болка за грчката национална идеологија, вели тој во интервјуто.

Целото интервју во видеото подолу.