Американската кантавторка, музичарка, авторка и визуелен уметник Пати Смит која со својот деби албум „Horses“ стана влијателна компонента на панк-рок движењето во Њујорк и во целиот свет откри дека ја примила вакцината против коронавирусот.
„Кумата на панкот“ на својот инстаграм-профил денеска објави фотографија на која се гледа дека ја прима вакцината против коронавирусот, но не откри повеќе детали.
„Ова е првата доза“, напиша 74-годишната ѕвезда во описот на фотографијата.
Под нејзината објава, следеа низа коментари од нејзините следбеници и обожаватели во знак на поддршка, поздравувајќи ја нејзината одлука.
„Здрава Пети ме прави среќна!“; „Фантастично. Само биди свесна дека втората доза може да ти предизвика главоболка, болка во мускулите, замор, слабост, гадење… Биди добро“; „О Боже! Пати, ни требаш ти и твојата музика“, беа дел од коментарите.
Но имаше и голем број следбеници кои имаа негативни коментари, посочувајќи дека се работи за пропаганда, и дека ѕвездата станува дел од „експериментот“.