Агенцијата „Splash News & Picture“, препознатлива по трговијата со папарацо фотографиите, поднесе барање за банкрот. Делумно за тоа е виновна глобалната пандемија, но значајно влијание има и правната битка со војвотката Меган Маркл.

Имајќи потешкотии во снаоѓањето со финансиската ситуација, „Splash“ извести дека не го платил заемот вреден речиси милион американски долари и бара заштита од стечајниот суд во Невада.

Како што пренесува „CNN“, финансиските проблеми на „Splash“ произлегле од три извори, а нив ги наведе и претседателката на „Splash“, Ема Курзон, во изјавата поднесена во склоп на барањето за банкрот.

„Како последица на глобалната пандемија достапноста на слики од познати личности опадна, а пресметките во внатрешноста на медиумската куќа се намалени, па со самото тоа е намалена и побарувачката за папарацо фотографии“, изјави Курзон.

Фото: EPA-EFE/FACUNDO ARRIZABALAGA

Оваа ситуација дополнително е влошена и поради двата моментални судски случаи и правни трошоци, меѓу кои е и спорот со војвотката Меган Маркл.

Маркл ја тужеше агенцијата поради објавување на фотографии снимени за време на „приватниот семеен излет“ во паркот во Канада, а во тој случај побара исплата на огромна сума за отштета.

Доколку во судскиот спор победи Меган Маркл, тоа процес веројатно ќе изнуди поголеми парични надоместоци за кои оваа агенција не би имала доволно средства.