Северна Кореја истрелала во петокот уште две балистички ракети кон морето од својот источен брег, соопшти војската на Јужна Кореја, со што продолжува годинешново севернокорејското лансирање разни ракети невиден досега според бројот.

Advertisements

Пред само неколку дена, исто така, беа истрелани две ракети. Тоа, според САД и Јужна Кореја, само покажува дека Северна Кореја нема намера да ги запре своите провокативни акции и ја дестабилизира регионалната безбедност.

Јужнокорејскиот здружен генералштаб (JCS) соопшти дека проектилите летале 350 односно 250 километри, откако биле истрелани од Сунан, близу севернокорејската престолнина Пјонгјанг. Јапонската крајбрежна стража, исто така, извести за можно лансирање балистички проектил.

„Лансирањата се сериозна провокација која штети на мирот и стабилноста на Корејскиот полуостров и пошироко и е јасно кршење на резолуциите на ОН (…) Ќе го следиме и надгледуваме развојот на настаните заедно со САД во подготовката за дополнителни провокации (….), задржувајќи го цврстиот став на подготвеност заснован на нашата способност надмоќно да одговориме на секакви провокации“, од Северна Кореја, се истакнува во соопштението од Сеул и се повикува на „моментален прекин“ на лансирањата.

Прикажи повеќе