Францускиот возач Себастиен Ожие вчера победи по рекорден деветти пат во кариерата на релито Монте Карло. Ожие во својата Тојота беше побрз од актуелниот шампион, Кајл Рованопера со 18,8 секунди предност. Третото место го зазеде Тиери Невил од Хјундаи со 44,6 секунди заостанување зад победникот.
Ожие освои девет од осумнаесетте етапи, вклучувајќи ги и првите пет, за неговата 56-та победа. Сега има рекордни девет победи на релито Монте Карло, една помалку од минатогодишниот победник на трката, неговиот сонародник Себастијан Леб. Следната трка во Светскиот рели шампионат се вози на 12 февруари во Шведска./Gol.mk/