Човечкиот имунолошки систем е составен од различни сегменти и е одговорен за борба против бактериите и вирусите на кои сте изложени секој ден.
Иако е можно вашиот имунолошки систем да се оптимизира со вклучување на добри навики, како што се добрата исхрана и доволното спиење, има голем број навики кои можат да го загрозат.
Во голем ек на пандемијата со коронавирусот можеби повеќе од кога и да е, важно е да повнимаваме да не го нарушиме нашиот сопствен имунитет.
Ова се 11 работи кои го уништуваат нашиот имунолошки систем:
1. Заборавате дека вирусите се насекаде околу нас
Сега, важно е да не ги допирате површините кои што можеби се контаминирани со вируси и бактерии, предупредува д-р Синха, директор на здравствената програма „Weill Cornell“ во Њујорк. Тој вели дека важно е да носиме ракавици кога допираме нешто во продавница, мобилниот телефон, додека се возиме во градски превоз…
2. Не ги миете рацете доволно често
Вирусите и бактериите ги има насекаде, па мора да внимавате секогаш рацете да ви бидат чисти, советува докторот.
3. Не сте доволно внимателни кога патувате
Треба да знаете дека авионите и хотелите се голем предизвик за имунитетот затоа што се извор на микроорганизмите. Кога еден ден ќе биде дозволено и безбедно да се патува со авион, не заборавајте со вас да си понесете и антибактериски марамици.
4. Претерувате со суплементи
Многумина од нас консумираат премногу минерали и витамини затоа што сакаат да се заштитат од болеста, но тоа може да предизвика контра-ефект. Премногу витамин Ц дневно може да направи проблеми со бубрезите и цревата.
5. Пиете антибиотици „на своја рака“
Антибиотиците служат за борба против бактериите, но не делуваат против настинка и вируси. Доколку ги консумирате премногу или погрешно ќе станете имуни на нив.
6. Пиете многу алкохол
Чаша вино одвреме-навреме е здраво, но премногу алкохол може да го наруши вашиот имунитет.
7. Премногу сте се изолирале
Социјалната дистанца во последниве месеци е „добредојдена“, но луѓето кои што премногу време се сами имаат поголем ризик да се разболат и да го нарушат својот имунитет.
8. Не пиете доволно вода
Имунитетот може да ви биде загрозен доколку не внесувате доволно количина вода во текот на денот, а особено доколку дехидрирате.
9. Јадете премногу слатки работи
Премногу шеќер може да го блокира вашиот имуносистем да работи како што треба и да предизвика воспаление.
10. Не спиете доволно
Недостатокот на сон носи повеќе умор и исцрпеност, а со тоа и послаб имунитет. Треба да спиете по седум до осум часа.
11. Под голем стрес сте
Хроничниот стрес го ослабнува имунитетот, а тогаш вашето тело е во грч и не е подготвено да се брани, па лачи хормони поради кои што одбранбениот систем значително ослабнува.