НЕКОИ луѓе многу внимаваат на својот изглед и постојано се гледаат во огледало. Нивниот одличен изглед не е резултат на случајност, бидејќи вложуваат многу труд и внимаваат на секој детал пред да излезат во јавност. Во астрологијата овие знаци се сметаат за најсуетни.

Вага

Нема посуетен знак од Вага. Тие можат да поминуваат часови за да ја поправаат косата, шминката и да избираат облека за да бидат сигурни дека изгледаат одлично. Сакаат да трошат пари на облека, обувки и накит и често трпат финансиски тешкотии поради оваа слабост. Секогаш се грижат за својот изглед и сакаат да бидат опсипани со комплименти.

Лав

Типичен Лав не излегува од дома ако не е педантно уреден и ако не ги импресионира сите околу себе со својот изглед. Лавовите не сакаат само да изгледаат добро, туку и да изгледаат најдобро. Тие никогаш не штедат на облека и накит и се навистина среќни кога можат да си дозволат нешто скапо. Тие обично поминуваат часови и часови на дотерување за да изгледаат одлично.

Овен

Овните се бескомпромисни кога се во прашање шминката и облекувањето. Припадниците на овој знак обожаваат да трошат пари на нова облека и козметика. Сакаат сите да им се восхитуваат, па внимателно бираат модни комбинации, а комплиментите за изгледот им ја подигнуваат и онака високата самодоверба.

Јарец

Прекрасниот накит, дизајнерските чанти и скапите чевли се незаменлив дел од животот на овие луѓе. За Јарците не е важно само да имаат нова облека и обувки, туку и да се квалитетни. Бидејќи се амбициозни и се стремат кон успех, секогаш се трудат да изгледаат негувано. Ним им е важно каков впечаток оставаат на другите, па сакаат на сите да им дадат до знаење колку се успешни со својот изглед.