СЕ УШТЕ сме во најубавиот период од годината за многумина. Ова е време резервирано за релаксација, забава и дружење со семејството и пријателите. Дознајте кои хороскопски знаци најдобро ќе си поминат на новогодишната ноќ и испратете ја старата година со стил.

Бик

Биковите ќе бидат одлично расположени и желни за акција. Оние кои патувале за празниците ќе си поминат најубаво, но и другите ќе имаат многу забавни моменти поминати со семејството и пријателите. Слободните ќе имаат многу причини за насмевка бидејќи ќе направат возбудливо познанство на пречекот.

Девица

Последниот викенд од годината ќе остане одличен спомен и за Девиците. Некои ќе поминуваат пријатно и квалитетно време со партнерот и децата, но најдобро ќе се забавуваат оние кои слават со друштво. Слободните исто така ќе бидат среќни бидејќи ќе добијат картичка од личност која им се допаѓа. Тоа би можело да биде почеток на една убава љубовна приказна.

Скорпија

Скорпиите ќе бидат толку добро расположени што на многумина ќе им биде чудно. Повеќето луѓе се навикнати да ги гледаат мрзливи, па ќе им биде невообичаено да ги гледаат толку многу насмеани, но промената ќе им се допадне. На самиот дочек ќе запознаат драги луѓе кои одамна ги немаат видено, а можно е и познанство кое ќе вети многу.

Јарец

Последниот ден од годината ќе биде посебен за Јарците. Некој кој им е драг, но од кој се оградиле, ќе контактира со нив и тоа ќе им разбуди нова надеж. Доколку ја поминат Новата година дома, семејното дружење не само што ќе помине без вообичаеното триење, туку ќе им обезбеди и многу смеа и забава.