ГОДИШНИОТ хороскоп за 2023 година предвидува дека овие три пара од Зодијакот најдобро ќе се сложуваат. Доколку се пронајдат и започнат врска, ќе бидат исклучително среќни и ќе ја искусат љубовта од соништата. За овие парови, најверојатно следната година ќе почнат да градат заедничка иднина.
Овен и Вага
Овенот и Вагата одлично ќе се сложуваат и одлично ќе се надополнуваат. Овните се родени лидери и имаат доминантна природа. Добро се согласуваат со другите огнени знаци Лав и Стрелец, но во љубовта Овенот не сака партнерот да биде доминантен. Затоа следната година најдобро ќе се сложува со Вагите кои се многу потолерантни и помирни од него. Таа ќе го смири, а тој ќе ја охрабри.
Бик и Рак
Биковите се семејни типови кои обожаваат да поминуваат време дома во друштво на своите најблиски. Затоа, воопшто не е чудно што најдобро ќе се сложуваат со Ракот, кој исто така е семејно ориентиран знак. Добро патуваниот Бик и романтичниот Рак се совршен спој кој добро ќе се сложуваат на сите полиња и ќе знаат како да ја одржат искрата во живот.
Шкорпија и Риби
Скорпијата може да биде тежок и баран партнер кој не одговара на сите, но во исто време овие луѓе се страсни љубовници кои ќе направат се за саканиот. Рибите се романтични, емотивни и веруваат во љубов. Доколку овие два знака се сретнат, ќе бидат привлечени на прв поглед и веднаш ќе започнат врска. Рибите целосно ќе се предадат на Скорпијата, а тој за возврат ќе ги заштити од суровата реалност.