НЕКОИ луѓе никогаш не успеваат да го најдат совршениот партнер. Иако копнеат по љубов, тие секогаш завршуваат во лоши односи со личност која не им одговара или не може да ги направи среќни. Во астрологијата се смета дека овие знаци најчесто влегуваат во врски од погрешни причини и затоа завршуваат со несоодветни партнери.

Овен

Овните се одлучни и самоуверени, но и прилично арогантни. Тие се убедени дека можат да заведат кој и да посакаат. Лесно паѓаат на ласкања и комплименти, иако длабоко во себе знаат дека љубовта бара многу повеќе од тоа. Тие се импулсивни и непромислени, поради што често завршуваат во врска со некој кој ги возбудува, но воопшто не им одговара.

Скорпија

Скорпиите се тврдоглави и никогаш не се откажуваат. Ако личноста која им се допаѓа е рамнодушна кон нив, тие нема да отстапат. Потоа почнуваат да се однесуваат малку опсесивно и ќе се обидат да ја заведат на секој начин само затоа што тоа им е предизвик. Притоа, не водат сметка дали воопшто имаат нешто заедничко, туку важно им е само да го освојат.

Стрелец

Стрелците се авантуристи кои секогаш сакаат да откриваат нови работи и да стекнат интересни искуства. Тие се големи оптимисти и доста самоуверени, поради што мислат дека можат да шармираат секого, дури и луѓето кои не им се достапни. Тие се по природа наивни и во секого го гледаат доброто, па често влегуваат во односи со луѓе кои не ги ценат и не можат да ги направат среќни.

Риба

Рибите се креативни и топли, но многу често се одвојуваат од реалноста. Тие постојано бараат партнер, па често се заљубуваат во личност која не покажува интерес за нив. Тие обично го гледаат светот преку розови очила и на другите им припишуваат непостоечки квалитети, што на крајот води до разочарување.