ИМА многу причини зошто е добро да имаме човек со отворен ум во нашите животи. Таквата личност би можела да ни се најде како пријател или партнер. Понекогаш ни треба некој со кого да разговараме за чувствителна тема без да не осудува. Ова се знаците кои се најотворени и немаат предрасуди.

Стрелец

Стрелците го бараат доброто во сè и не сакаат да осудуваат. Тие ја ценат различноста во сите облици бидејќи тоа е идеален начин за нив да стекнат нови искуства. Тие сакаат да патуваат и да истражуваат различни култури. Тие се дружат со луѓе од сите сфери на животот и имаат еден куп пријатели со кои немаат ништо заедничко. Тие се секогаш отворени за сите идеи и предлози.

Водолија

Водолија е еден од најотворените знаци на Зодијакот. Тие се внимателни, непристрасни и фер. Многу ги привлекуваат нови работи и нови начини на размислување. Тие се искрено заинтересирани за другите и многу слободоумни. Тие се бунтуваат против застарените правила и не сакаат да се вклопат во кутијата.

Близнаци

Близнаците се и љубопитни луѓе со отворен ум, што најмногу се забележува во социјалните ситуации. Овие луѓе ги прифаќаат своите пријатели и познаници какви што се, а најмногу сакаат да разговараат со луѓе кои се сосема различни од нив. Знаат дека од таквите луѓе секогаш ќе научат нешто ново и интересно, а тоа најмногу ги исполнува.