Андреј Курпатов, познатиот руски доктор психотерапевт, писател и колумнист на многу публикации, поставил златни правила за својот живот. Предлагаме да ги прочитате, бидејќи можеби и вам ќе ви одговараат.
Творецот на совремниот модел на психологија, автор е на повеќе од стотина научни трудови и неколку десетици монографии, а раководи и со еден од најдобрите психотерапевтски центри во Русија, но тој е и советник на Сојзното собрание на Руската Федерација за прашања од психолошка култура и психичко здравје.
Андреј Курпатов е доктор психотерапевт, исклучителен специјалист со голем авторитет, управник на Клиниката др Андреј Курпатов, началник на Градскиот клинички центар во Санкт Петербург и член на Балтиската педагошка академија.
Неговите книги се многу интересни, напишани на разбирлив јазик, полни со неверојатни вистини за едноставноста и суштината на животот, во кои секој се пронаоѓа и навистина помагаат.
1. Никогаш не ја префрлајте одговорноста за она што ви се случува во животот на туѓ грб
Разбирам дека постои константно искушение да обвините некој друг, бидејќи тоа е најлесниот начин да се оправдате себеси. Но, ќе ја пронајдете моќта само тогаш кога целосно ќе прифатите дека сте автор на сите свои неуспеси и креатор на сите свои успеси.
2. Прифатете го фактот дека не можете да го промените минатото – тоа е завршено
Можеме да влијаеме само на иднината, а таа зависи од тоа што го правиме сега. Не очекувајте дека вашето идно јас ќе биде случајно: Морате да работите најдобро што можете за иднината да ви се насмевнува.
3. Отфрлете ја илузијата дека можете да ги промените другите
Потсвесно, сите ние ја имаме таа наивна илузија дека можеме да промениме некого. Како резултат на тоа, патиме бидејќи не можеме да ја спроведеме на дело. Само околностите може да ги променат луѓето – сѐ останато е перцепција на измама. Дозволете им на другите да бидат поразлични, да бидат она што се. Во некој момент, можеби ќе започнете да уживате во нив.
4. На луѓето сте им потребни во најсилното издание
На никого не сте му потребни кога сте слаби, уморни, кога патите или кога сте несреќни. Ако луѓето се преправаат дека ве сакаат кога сте слаби, само ве лажат. Не подлегнувајте на таквите лаги. Едноставно сложете се со апсолутноста на ова правило, издишете, обидете се да се расположите…
5. Сите наши постапки имаат последици
Всушност, ние секогаш избираме – не што ќе правиме, туку што ќе излезе како резултат од нашите постапки. Затоа, секогаш размислувајте за последиците. Така ќе има помалку глупави работи кои ќе ви се случуваат во животот.
6. Правете го она што ви е навистина важно
Ако се прашувате која е смислата на животот, најверојатно сте по малку депресивни. Тоа што е најважно не е „смислата на животот“, туку чувството дека го живеете вашиот живот со смисла. Правете го она што сметате дека ви е од голема важност. Не заборавајте одвреме-навреме да се потсетите на тоа. Немојте слепо да го следите успехот, само затоа што поголемиот дел од луѓето околу вас го прават тоа. Ако едноставно го правите она што чувствувате дека е важно, успехот сигурно ќе дојде.
7. Немојте да го трошите времето и енергијата на оние кои не им е грижа за вас или на оние кои не ве сакаат
Во овој свет, постојат многу луѓе на кои им се допаѓате и со кои животот би бил целосна радост. Само немојте да бидете затворена и сомнителна личност. Верувајте ми – отвореноста и добрината ќе ви помогнат да ги добиете сите добра.