ВЕЛАТ дека годините се само бројка, но гледањето во огледало може да излуди некои луѓе. Ако мислите дека изгледате постаро отколку што сте, можеби виновни се одредени животни навики.
Како што старееме, нашата кожа станува помалку еластична и покревка. Во исто време, масното ткиво под кожата се намалува, се појавуваат брчки и нашиот изглед веќе не е толку свеж. Стареењето е неизбежно, но ако ги промените навиките што ги наведуваме подолу, можеби ќе можете да го забавите.
Некористење крем со заштитен фактор
Кога сончевите ултравиолетови зраци продираат во кожата, тие предизвикуваат промени во ДНК на клеточно ниво. Изложеноста на сонце е одговорна за поголемиот дел од видливото стареење на кожата. Поради оваа причина, кремот за сончање може да биде спас за оние кои сакаат да го зачуваат младешкиот изглед и да се заштитат од штетните ефекти на сонцето, вклучувајќи го и ракот.
Пушењето
Хемикалиите кои се наоѓаат во цигарите предизвикуваат молекуларни настани кои ја оштетуваат структурата на кожата и предизвикуваат помала еластичност. Покрај тоа, стискањето на усните додека вдишувате ќе предизвика појава на повеќе брчки околу устата и очите.
Јадењето премногу шеќер
Исхраната богата со шеќер го оштетува колагенот и еластинот, двете супстанции кои помагаат да се одржи кожата мазна и без брчки. Едноставно, исхраната богата со шеќер предизвикува побрзо збрчкање на кожата.
Недоволен внес на вода
Човечкото тело се состои од околу 70 проценти вода. Секоја клетка и орган има потреба од тоа за да функционира правилно. Се вели дека недоволната количина на вода го старее телото од внатре, но и однадвор. Затоа, треба да се стремиме кон најмалку осум чаши вода дневно за да имаме што помалку брчки.
Прекумерно внесување алкохол
Заедно со предвремените брчки, прекумерното консумирање алкохол ќе предизвика губење на колаген и еластичност, како и црвенило, дехидрација и оток. Алкохолот исто така содржи многу шеќер.
Како и со повеќето работи, умереноста е клучна бидејќи бројни студии покажаа дека пиењето во мали количини може да биде корисно за вашето здравје.