Од настанувањето на интернетот, страниците добиваат значење и стануваат популарни меѓу корисниците. Во видеото објавено на Твитер е забележано кои веб-страници добиле најмногу посети од 1993 до 2022 година.
Снимката од растот на сообраќајот на веб-страниците покажува дека во 1993 година, најпопуларна платформа беше AOL, која нуди услуги за е-пошта базирани на веб. Во тој период, AOL имаше 20 милиони месечни посети. По него, најпопуларни сајтови беа Prodigy, Compuserve, Bloomberg и IMDb.
Most popular websites since 1993… pic.twitter.com/Korxq71iSg
— Tansu YEĞEN (@TansuYegen) December 21, 2022
Видеото потоа го следи растот на популарноста на Yahoo, кој се искачува на второто место уште во 1994 година, а третото и четвртото место во периодот до 1997 година ги држат Geocities и Netscape. До 1998 година, MSN беше на второто место, а до 2000 година, Yahoo ќе стане најпосетувана страница, со 400 милиони посети месечно.
Растот на Google започнува во 2006 година
Исто така, eBay се издвојува на четвртото место со 144 милиони посети. Во тој период започнува и растот на Google, а во 2006 година ќе го заземе првото место на рангирањето, со пет милијарди посети. Во 2008 година, Yahoo повторно го зазеде првото место, со девет милијарди посети, а Facebook и YouTube го зазедоа третото и четвртото место.
До 2012 година, Google повторно ќе стане број еден, а Facebook и YouTube ќе го надминат Yahoo по бројот на посети. Во периодот до 2015 година на листата на најпосетувани се најдоа и Инстаграм, Твитер и Википедија.
До јануари 2022 година, кога ќе заврши овој хронолошки преглед, Google ќе ја задржи првата позиција со 80 милијарди посети месечно. По нив следат YouTube со 34 милијарди, Facebook со 22 милијарди и Twitter и Instagram со шест милијарди.