Ви претставуваме уште еден тренд во шминкањето кој ги наведе познатите жени во Холивуд апсолутно да полудат по него...
Модата се врти во круг, а така и „make-up“ индустријата. Трендот кој беше апсолутно популарен пред неколку години, сега повторно се враќа.
Станува збор за „вамп“ усни. Сите темни нијанси на кармин, од бордо до темно виолетово, доаѓаат во обзир оваа зима. Шминкерите нагласуваат дека овој тренд треба внимателно да се изнесе, бидејќи и при најмала грешка можете да изгледате многу лошо.
Пред сè неопходно е да ја одредите нијансата која најдобро одговара на вашиот тен, со цел да изгледате совршено. Исто така, не се препорачува да се носи преку ден. Шминкерите велат дека овој начин на шминкање, сепак, е резервиран за вечерните часови и некои посвечени прилики.
InstagramПреземено од Еспресо.мк