Покрај веќе постоечките критериуми: дигитална, здравствена, инфраструктурна и лична безбедност, од оваа година за евалуација на најбезбедните градови во светот се воведе и мерка за квалитетот на заштитата на животната средина.
Според резултатите на Одделот за истражување и анализа на британската бизнис групација Економист, од 60 анализирани урбани средини, Копенхаген е најбезбеден град со 82,4 – од можни 100 поени.
За тоа придонесе ниската стапка на криминал, која во моментов е на најниско ниво во последните децении. Градот се карактеризира со голема социјална кохезија, како и релативно мал јаз меѓу богатите и сиромашните.