Оперативно-техничката агенција (ОТА) е од витално значење за безбедносните прашања во нашата држава, е заедничкиот заклучок од најповиканите, надлежни за нејзината работа. Како самостоен и независен државен орган, иако Агенцијата формирана со посебен закон, веќе два месеци, е без директор.

Италијанската министерка за правда Марта Картабија ќе испрати инспектори на Сицилија по извештаите во медиумите дека обвинители прислушувале стотици телефонски разговори на најмалку 15 новина

Постапката за избор на директор е во тек, се чека договор на координаторите на пратеничките групи во Парламентот за да се стави точката прво на седница на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, а потоа и на пленарна седница, на која првиот човек на Агенцијата се избира со двотретинско мнозинство. Соговорниците на МИА велат „малку е нетипична ситуацијата во ОТА“, но без да образложат што е нетипичното, дали се однесува за тоа кој и како, и покрај законски определениот начин, го избира директорот на Агенцијата.

Претседателката на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата Марија Георгиевска за МИА информира дека на конкурсот за директор на ОТА се пријавени 21 лице.

– Има дискутабилни неколку пријавени, за кои мислиме дека треба со службите да се провери дали се соодветни со образованието. Мислам дека ќе имаме неколку спорни. Не фали нешто, туку само заради образованието, изјави Георгиевска.

На прашањето кога најрано може да се очекува ова прашање да биде ставено на дневен ред на Комисијата, таа потенцира дека не би можела да каже заради тоа што, како што рече, ја доставила листата на пријавени до членовите и замениците на Комисијата и тие ги имаат сите на увид.

– Последна информација е дека нема предлог за да се дискутира, бидејќи знаете дека треба да помине со две третини. Остана дека координаторите на пратеничките групи да имаат состанок за да се закаже седница и како ќе тече расправата по предлозите. Но, до овој момент се уште нема ништо од ниту еден координатор. Координаторите апсолутно се сите запознати, јас пристискам да биде што поскоро, ако има нови информации ќе известам, изјави за МИА, претседателката на Комисијата за прашања на изборите и именувањата.

Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за здруженија и фондации, со кој треба да се спречи контроверзни имиња да бидат имиња на здруженија на граѓани, по скратена постапка, е

Прашана дали може да ги добиеме имињата на пријавените, Георгиевска појасни дека ова прашање не е влезено во процедура во самата Комисија и додека не почне расправата не може да се објавуваат. Нагласи дека сепак, имињата не се тајни, но во принцип, посочи, треба да почне расправата во Комисијата па да може да се дискутира за имиња и презимиња.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во интервјуто за МИА изјави дека очекува преку отворена дебата на политичко ниво, многу брзо да се дојде до решение и да се избере директор на ОТА.

Според него во заблуда е секој оној кој мисли дека има некаков интерес да не се избере директор на оваа институција.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ќе учествува на Министерската конференција на Платформата за заедничка координација за ефикасна борба против нелегалната миграција долж Источно

– OТА е направена за да се спречи можноста од злоупотреба на системот на следењето на комуникациите, поучени од тоа што се случуваше во изминатиот период. И токму заради таа независна улога која што е дадена на оваа институција е предвидено во Законот да се избере директор со двотретинско мнозинство во Собранието, којшто има еден мандат. Не може да се избере истиот човек за втор мандат, појасни министерот Спасовски.

Во меѓувреме, вработените во ОТА, според информациите на лидерот на Демократски сојуз и пратеник Павле Трајанов, два месеци немаат земено плата, а ОТА, која беше формирана по големата афера со прислушувањето во државата, со  цел да се оневозможи каква било злоупотреба на мерката следење на електронските комуникации на граѓаните од страна на овластените органи за следење на комуникациите или операторите, чека да се постигне договор помеѓу координаторите на пратеничките групи.

Улогата на  OTA е да обезбедува техничка поврзаност помеѓу операторите и oвластените органи за следење на комуникациите, во случаите кога со судска наредба е одобрено следење на комуникациите заради потребите на кривичните истраги или заради заштита на интересите на безбедноста и одбраната на државата.

Француските пратеници вчера изгласаа „модернизација“ на кривичниот процес, кој вклучува одредба што им дозволува на агенциите за спроведување на законот „без знаење или согласност на сопствен

Ингеренциите и надлежностите на првиот човек, Зоран Ангеловски, чиј мандат заврши во септември, не можат да се пренесуваат и во таа насока, не се знае како работи, кој раководи и кој ги потпишува клучните работи, барања, насоки за задачи.

По неколку обиди од страна на МИА да обезбеди изјава од екс директорот Ангеловски за постоечката фактичка состојба во ОТА, но и оценка за работењето, потребите, недостатоците, ако ги има и евентуалните можни промени, поранешниот директор на Агенцијата, се повика на актуелниот закон, кој не дозволува во определен временски период да говори за овие прашања.

Претседателот на демократскиот сојуз и пратеник Павле Трајанов, член на Комисијата, за МИА изјави дека прашањето околу ОТА подолго време е актуелно.

– Многу неодоговорно и несериозно од, во овој случај од Парламентот, треба да биде поажурен да се избере директор, одговорноста паѓа посебно на ВМРО – ДПМНЕ, СДСМ и ДУИ. Целокупната постапка ја диктираат партиите на власт, изјави Трајанов.

Прво, информираше, имало начелен договор да се продолжи мандатот на актуелниот директор додека не се избере нов, а втора варијанта била да се промени законот, со цел директорот да има два мандата.

Скопје, 13 октомври 2020

Трајанов веќе на седница на Комисијата го отворил прашањето за ОТА и нагласил дека во овие исклучително сложени глобални безбедносни закани, војната во Украина и рефлексиите на војната сега во Газа и можните последици по безбедноста на државата, вели, треба да функционира таа витална институција.

– Плус за откривање на намери за каков било инцидент или терористички напад, треба службите меѓу другото да ги користат и да ги следат комуникациите. Не викам дека во овој момент не можат, но без директор и без потпис, веројатно тоа потешко функционира. Затоа мојот став беше презентиран и пред Комисијата дека мора да се забрзаат сите работи, затоа што меѓупартиското усогласување во Парламентот долго ќе трае и тешко ќе се дојде до консензус затоа што директорот го гласаат со две третини од вкупниот број пратеници, изјави за МИА пратеникот Трајанов.

Според него, најверојатно за избор на директор на ОТА, треба да се усогласат лидерите на партиите.

– Бараме што е можно побрзо да се реши, крајно да се постави вршител на должност, некој од пријавените, особено ако има пријавено некој внатрешно од Агенцијата, ако не се дојде до политички договор помеѓу партиите, треба да се усогласат ВМРО – ДПМНЕ и СДСМ и помалите партии во коалиција, рече претседателот на Демократскиот сојуз.

МИА подолго време телефонски и преку СМС пораки се обидуваше да добие информации од координаторите на пратеничките групи во Собранието на ВМРО – ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“, Никола Мицевски, на пратеничка група на Демократска унија за интеграција – ДУИ, Арбер Адеми и на пратеничка група на Социјалдемократски сојуз на Македонија со коалиционите партнери, Јован Митрески.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски денеска изјави дека се уште го немаат добиено дополнителниот материјал за седницата која се уште не се знае кога ќе се одржи,

Единствено координаторот на пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ, Мицевски за ова важно прашање од јавен интерес, за МИА изјави дека го немаат досега контактирано од надлежната собраниска Комисијата. Како што рече, ја има добиено листата со кандидати за директор на ОТА, но не знае која е конечната, затоа што, нагласи, не не информираат за такви работи.

– Ова оди на Комисија за избори и менувања, таа комисија ја свикува претседателката на комисијата. Јас на координација не им одам и немаме зборувано на темата за ОТА. Многу малку и штури информации имам по основ на сите овие работи. Очекував дека на координации ќе зборуваат за работни групи, за изборен датум , како што најави премиерот, ама тоа не го направи. Очекував дека деловникот ќе го потераат како постапка, но преговараат и не знам до кај се. Немам информација за ова, кога и како планираат, информација само може да се добие кај претседалката на Комисија за избори и именувања, изјави за МИА, Мицевски.

Мицевски упати порака „да не ја пефрлаат топката кај опозицијата, нека закажат комисија и да се направи изборот затоа што таа институција е од витално значење за државата и е без прв човек“.

За раговорите кои деновиве беа пласирани на интернет порталите во кои се слушаат гласовите на лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан Мицкоски, Обвинителсвото за гонење организи

Инаку, Собранието на Република Северна Македонија на седницата одржана на 5 септември 2023 година, донесе одлука за објавување јавен оглас за избор на директор на ОТА.  За директор на ОТА може да биде избрано лице кое ги исполнува следниве услови: да е државјанин на Република Северна Македонија; да има стекнато најмалку 240 кредити според ЕКТС, односно VII/1 степен на образование во следниве области: информатика, електротехника, компјутерска техника и информатика, телекомуникационо инженерство, безбедност, компјутерска безбедност, правни или економски науки и  да има минимум десет години работно искуство по завршување на образованието во областите предвидени во потточката 2) на оваа точка.

Во 2015 година се случи една од најголемите афери во политичката историја на државата, со прислушуваните комуникации на политичари, новинари, на невладиниот сектор…, што го вршела тогашната Управа за безбедност и контраразузнавање (УБК). По препорака во извештајот од Прибе, и за ова прашање, се изврши реформа на УБК.

Четвртиот годишен извештај на Националната комисија за контрола на информатичките технологии (ЦНТЦТР), надлежен за делумно потврдување на законитоста на дејноста на француските служби, докуме

Од реформираната УБК, со серија на нови законски измени, за кои беше потребно двотретинско мнозинство беше формирана  Агенцијата за национална безбедност (АНБ). Клучната реформа беше одземањето на ингеренциите врз опремата и уредите за прислушување, кои преминаа во новоформирниот независен и самостоен државен орган – Оперативно-техничката агенција.

Цветанка Миновска