Вчера, во рамките на 106-тата седница, Собранието не ја изгласа потребата, Иницијативата за амнестија на осудените за 27-ми април 2017-та да се најде како точка на дневен ред во законодавниот дом.

За гласале 40 пратеници, против биле 58, а 1 пратеник бил воздражн. Малку зачудувачки е тоа што иако предлог законот за иницијативата ја поднесе пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, преку координаторот Никола Мицевски, сепак тој, но и уште осум пратеници на оваа партија, меѓу кои и потпретседателот Александар Николоски не гласале за оваа иницијатива да се најде на дневен ред на Собранието.

Инаку, оваа иницијатива е покрената од адвокатите Јанаки Митровски и Драган Пешевски, а до Собранието е поднесена преку пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Од стенограмите на Собранието за седницата може да се забележи дека пратениите од ВМРО-ДПМНЕ кои не гласале, се пријавени за присутни, односно регистрирани за оваа седница.

Линк од гласањето за оваа иницијатива.