Повеќе од 48.000 луѓе се евакуирани поради поплави предизвикани од монсунските дождови во шест сојузни држави на Малезија, а осум лица загинаа.
Малезиската единица за социјална помош соопшти дека поради монсунските дождови кои ги зафатија сојузните држави Паханг, Јохор, Келантан, Теренгану, Перак и Сабах, се евакуирани 48.108 луѓе.
Во соопштението се наведува дека поради поплавите во Паханг се загорозени 27.073 лица, во Теренгану во опасност се 12.899 лица, во Келантан 6.319, во Перак 359, во Јахор 1.422 и во Сабах 36 жители.
Во поплавите досега загинале осум лица, и тоа четири во Паханг, три во Јахор и едно лице во Келантан.
Црвениот крст на Сингапур најави дека ќе донира 50.000 долари за населението кое е загрозено од лошите временски услови. (МИА)