
Задолжителен документ за Ковид-19, пополнет PLF формулар и задолжително тестирање при влезот во земјата, за оние кои патуваат со негативен тест, и понатаму се предусловите за патување во Грција, кои важат и за државјаните на Северна Македонија, јави дописничката на МИА од Атина.
Новата министерска одлука „Предуслови за влез во земјата за да се ограничи ширењето на Ковид-19“, веќе е објавена во Службен весник на Грција, нема промени во однос на минатата седмица, а стапи во сила во шест часот утрово и ќе важи до следниот петок 15 октомври.