Осмооделенецот, 14-годинишниот Амир Дестанов од Дневниот центар во Шуто Оризари,во 4-то, 5-то и 6-то одделение освојувал прво место, а годинава трето  на натпреварот по математика „Кенгур“. За 1 час и 45 минути успеал да реши 30 задачи. За натпреварот се подготвувал со професорот по математика Филип од Дневниот центар, пренесува ТВ21.

„Имав пет години кога за првпат ги сретнав, само што дојдов со мајка ми од Велес. Дојдовме во Шуто Оризари кај брат и мајка ми, тие сакаа да ме запишат овде. Кога ми кажаа дека можам да се запишам почнав да доаѓам редовно“, вели Амир Дестанов.

И покрај лошата социјална состојба во која живее, со еден оброк на ден, тој не и подлегнува на улицата, туку сака да го продолжи образованието во средното училиште „Шаип Јусуф“ во Шуто Оризари.

-Што би сакал да бидеш кога ќе пораснеш?

„Сакам да бидам професор по математика“.

-Тоа ти е омилен предмет?

„Да“.

-Што е интересното за тебе кај математиката од која некои се плашат, која па и не им е баш омилена на голем број деца?

„Не може никој да ме излаже со пари. Кога плаќам не можат да ми вратат помалку. Зошто може знам и повеќе од тебе не може да ме излаже ниако“.

Целата сторија можете да ја погледнете на ТВ21.