Како дел од тројката претседавачи на ОБСЕ, Османи заедно со министрите за надворешни работи на Полска, Збигњев Рау и на Украина, Дмитро Кулеба беше на полско-украинската граница; а им се придружи и министерката за надворешни работи на Шведска, Ан Линде.

Османи денеска објави фотографија со министерот на Украина, Дмитро Кулеба, и порача:

-Од Брисел, преку Варшава и Жешов во Полска, сѐ до границата со Украина.

И покрај интензивната Агенда, и огромниот притисок, Дмитро е трпелив, сталожен и пријатен, неуморно создавајќи не само сојузништва, туку и пријателства за својата земја.

Украина и Украинците ја заслужуваат сета почит за својата храброст и издржливост, и во секоја смисла ја заслужуваат поддршка од пријателите, пишува Османи.