Одбројуваме уште шест дена до најзначајниот меѓународен собир одржан во Република Северна Македонија во нејзината историја. Со секој изминат ден се приближуваме до моментот кој ќе ја обликува иднината на меѓународната соработка, напиша шефот на дипломатијата Бујар Османи на Фејсбук страницата, во пресрет на министерскиот совет на ОБСЕ што ќе се одржи во Скопје идната недела.

-Министерскиот совет е круната на Претседавањето на Северна Македонија со најголемата светска регионална безбедносна организација – ОБСЕ. Останува финалето – да се покажеме како добри домаќини и успешни организатори на Министерскиот совет на ОБСЕ, наведува Османи.

Немам сомневање, додава тој, дека сме подготвени да им посакаме добредојде во Скопје на делегациите на 67 земји, земји-ученички на ОБСЕ и земјите од Медитеранската и Азиската група партнери за соработка.

-Министерскиот совет не е само настан, туку е потврда дека Северна Македонија е сериозен партнер во меѓународните односи и директен учесник во носењето на геополитичките одлуки, напиша Османи на својата Фејсбук страница.